Македонија пружи машка борба, но остана без бодови



СЛОВЕНИЈА - МАКЕДОНИЈА  27-25 (13-10)
Томовски (13 одб), Чаневски, Велковски 3, Стоилов 2, Ѓоргиев, Талески 4, Миркуловски, Ф: Кузмановски 5, Ц. Кузманоски 8, Костески, Георгиевски, Крстевски, Пешевски 2, Маџовски, Серафимов, Мишевски 1





Македонскиот тим видно мотивиран со дополнителја адреналинска инјекција поради отсуството на капитенот Лазаров агресивно го почна натпреварот. На крилјата на околу 500-тини навивачи кои и дадоа црвено-жол карактер на Феникс Арена и  одличниот Мартин Томовски кој ги запре првите три удари поведовме со 4-1. 
По ова следеа неколку грешки и добра одбрана на Словенија и со серија од 6-0 Словенците стигнаа до 7-4 во 12 минута од средбата. 
Кирил Лазаров побара тајм аут, во игра влезе Кузмановски кој беше стрелец на еден од двата следни погодоци за нашиот тим и Македонија одново беше во игра (6-7). 
Доленец спречи Македонија да влезе во серија, но мечот отиде во игра гол за гол, во која на шест минути до крајот на полувремето нашиот тим израмни на 9-9. 
Беше и 10-10, пред Словенија со серија од 3-0 да отиде на одмор о 13-10. 



Вториот дел не почна добро за македонскиот тим, Словенија поведе 15-11, 17-12, но Македонија се врати и во 37 минута беше 19-16 за словенечкиот тим, а потоа Кузманоски погоди од пенал и за 17-19.
Томовски и Кузмановски ја разбудија публиката, првиот со одбрана, а вториот со гол од соло пробив. Македонија дојде до 18-19.
Македонија не реализираше три напади при резултат 18-20, по што Цехте од контра зголеми на 21-18 во 48 минута, по што Лазаров побара тајм аут. 

На десет минути до крајот Македонија намали на 19-21, но веднаш го вратија водството од плус три Словенците.
Македонија не го загуби фокусот, изнудивме пенал преку Кузмановски, а Цветан Кузманоски го претвори во минус од два гола (20-22). 
Потоа одново на сцена Томовски и тандемот К/К. Мартин одбрани, Кузмановски асистираше, а Кузманоски погоди за 22-23. 

Во последните пет минути целиот влог беше на маса. Словенија преку Кодрин поведе со 24-22, веднаш потоа голманот Базник му одбрани шут на Велковски, а во следниот напад Макуц зголеми на 25-22. 
По еден напад потрошија двата тима пред Талески да намали на 23-25, а бекот на Кил, Миха Зарабец стави свој потпис зад голот за 26-23.
Стоилов на спротивната страна ја скрати радоста на противникот по наша грешка, успеа да украде топка и да погоди за 24-26. 

Тилен Кодрин со гол за 27-24 на минута и пол до крајот го реши победникот. Македонија намали на 25-27, но останаа само уште 30 секунди до крајот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk