Шок за македонскиот тим: Без Кире Лазаров на ЕП!



Европското првенство полошо не можеше да почне. На неполн час пред почетокот на првиот меч, од Ракометната федерација стигна шокантна информација дека Кирил Лазаров го пропушта Европското првенство!



Кирил Лазаров ќе биде само во улога на селектор на Европското првенство што почнува денеска. Македонскиот ас се повреди непосредно пред почетокот на првенството и нема да биде во тимот. 

Ракометната федерација, денеска објави соопштение во кое вели:

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А.
Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели.
Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч.





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk