Хрватска без Дувњак против Франција



Дуелите меѓу Хрватска и Франција во последние 20-тина години биле резервирани за последниот викенд на шампионатите, тогаш кога се делат медалите. 
Годинава е поинаку, па уште на првиот ден од ЕП, Хрватска оди на судир со Франција. 



Ниту Франција, уште помалку Хрватска на претстојното ЕП не се вбројуваат меѓу најсериозните за злато...па ни за сребро. Скандинавците го преземаа приматот, иако не го кажале последниот збор ниту Хрватите, уште помалку Французите. 

Денеска на првиот ден од шампионатот во Унгарија и Словачка, во Сегед, ќе се игра големото дерби. Двата тима имаа големи проблеми со составите при што од францускиот состав отпаднаа Ремили, Лука Карабатиќ, Пранди, Негесан, додека кај Хрватите списокот можеби пократок, Карачиќ, Степанчиќ, Шебетиќ но таму едно име отскокнува во секој поглед, а тоа е Домагој Дувњак.  Токму Дувњак не стигна да заздрави за премиерата на ЕП. 
Прво Ковид, потоа и проблеми со грбот и најголемата ѕвезда на хрватскиот ракомет во моментов не е меѓу 19-те играчи што Хрвоје Хорват ги селектираше за оваа средба. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk