Mитревски негативен, чека дозвола од ЕХФ!



Добри вести стигнуваат и од Скопје. Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски кој беше позитивен на пред заминувањето на тимот од Скопје, во меѓувреме направи неколку антигени и еден ПЦР тест и сите се негативни. 



Македонскиот голман Никола Митревски, еден од најатрактивните голмани во Европа и наш силен адут на голот имаше пех пред заминувањето на репрезентацијата за Дебрецен да биде дел од групата на позитивни играчи. 

„Јас се чувствувам добро. Немам никакви симптоми. Со оглед на тоа дека прележав пред три месеци, се надевам дека брзо ќе добијам негативни резултати“; изјави Митревски тогаш. 

Од тој момент до денеска, Никола Митревски во Скопје направи неколку антигени и еден ПЦР тест и сите се негативни. Останува сега ЕХФ да го решава случајот бидејќи  Виена има поставено услови што повеќе комплицираат отколку што нудат некаква сигурност дека играчот е веќе не е опасност за ширење на вирусот. 

Стискаме палци и навиваме за Митревски и овој случај брзо и во корист на македонскиот голман и македонскиот тим биде решено. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk