Повторно негативни, Лазаров без проблеми за првиот избор



Добри вести добија македонските репрезентативци пред првиот дуел со Словенија. Резултатите од синоќешните тестирање се одлични, сите ракометари на македонскиот националец тим што се во Дебрецен се Ковид негативни. 



Кирил Лазаров денеска ќе може да избере 16 ракометари за дуелот со Словенија од комплетниот список на играчи што се овде во Дебрецен. 
Денешните резултати се негативни на Ковид, па нема да мора да импровизира и принудно да го менува тимот. 

Очекуваме во текот на денов, најмалку на еден час пред натпреварот да го имаме и списокот со првите 16 на Македонијаа. Средбата со Словенија, почнува во 18:00 часот и е првата на програмата во Дебрецен денска. Од 20:30 играат Данска и Црна Гора. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk