Пранди излезе од болница, за две недели на терен

Францускиот репрезентативец Елохим Пранди за новогодишната ноќ беше нападнат од непознато лице и избоден со нож. 



Францускиот репрезентативец Елохим Пранди, новогодишната кавга околу истурена чаша вода за малку ќе ја платеше со животот. Вербалната кавга се претвори во физичка пресметка во која Пранди шест пати беше избоден со нож.
Брзата интервенција на пожарната служба, неговата физичка конституција и сила го спасија од најлошото. 

По десет дена минати во болница, Елохим Пранди вчера излезе и сега е на ред терапија и рехабилитација под стручен надзор на службите на Пари Сен Жермен. 

Прогнозите се дека, за пар недели ќе се врати на терен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk