Во Црна Гора не се знаe кој е позитивен кој негативен



Репрезентацијата на Црна Гора е екипата што има најмногу проблеми со Ковид во пресрет на старот на шампионатот. 



Црногорскиот тим во Дебрецен пристигна без селекторот Рогановиќ и ракометарите Мијушковиќ, Чавор, Божовиќ и Симовиќ. 
По доаѓањето имаа ново тестирање на кое имаа уште три нови позитивни играчи. Денеска одново се тестираа и секој момент се очекуваат резултатите за другите ракометари. 

Организаторот ги смести во одвоено од селекциите на Македонија, Словенија и Данска кои, пак, се во ист хотел. 

Во македонскиот тим, денеска сите беа негативни.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk