Миркуловски: Можеме да изненадиме



Филип Миркуловски заедно со Кирил Лазаров се двајцата наши најискусни играчи. Знаат што значи ЕП, а против Словенија и победувале и губеле и сега е редот на уште една, финална пресметка со старите познаници.





„Јас доцна се приклучив на подготовките, но сепак гледам дека сите се подготвени. Словенија како што кажаа сите е фаворит. Се работи за играчи кои настапуваат во големи клубови. Резултатите на последните собири им се добри, ама ние сме добро спремни на тактички план. Имаме проблеми со ковид, ама имаме широк ростер. Мора да го дадеме максимумот и да ја добиеме оваа средба во дефанзива. Сметам дека имаме шанси да приредиме изненадување“, смета Миркуловски. 

„Релативно доцна се приклучив на подготовките, но ме радува што гледам дека сите се максимално подготвени за она што не очекува во наредните денови. 
Имаме проблеми со коронавирусот, но во ростерот имаме доволно квалитетни играчи за во добро светло да се покажеме на овој шампионат. Верувам дека физички и тактички сме подготвени, ќе дадеме се од себе за да приредиме изненадување во првото коло.
„Словенија е апсолутен фаворит, има играчи кои настапуваат за врвни клубови, оваа селекција има добри резултати на последните големи натпреварувања. Сепак, ние сигурно нема да се предадеме, мислам дека можеме да изнандиме, добро сме тактички подготвени за тоа“, истакна Миркуловски.



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk