Позитивен играч и во Словенија



Најсигурно оружје против Ковид на ЕП е да не си голман. Некако Ковид најмногу ги таргтира чуварите на мрежата, особено во групата А. 



Ковид одново ја поткачи Словенија, првиот противник на Македонија на ЕП. Утрово, позитивен на тестирањето беше голманот Аљаж Пањтар. Видно е зголемена вознемиреноста кај Словенците и денеска ќе имаат ново тестирање од страв заразата да не се прошири и кај другите ракометари. 

Со ова е продолено голманското Ковид проклетство во екипите што играат во групата А. Прво беше позитивен Данецот Јаник Грин, а и неговата замена Емил Нилсен беше во карантин кога ја доби поканата за настап. Грин се уште е позитивен. 

Потоа следеше Урбан Лесјак, уште еден од голманите на Словенија, а од редот зарацени Црногорци со сигурност е голманот Миле МИјушковиќ. 

Пред Аљаж Пањтар да го затвори кругот, позитивни на Ковид беа и дваја голмани на Македонија - Марко Кизиќ и Никола Митревски. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk