ЕП 2022: Кој со кого во првото коло, групи



Денеска почнува 15. Европско првенство на кое по седми пат ќе учествува и репрезентацијата на Македонија. Шмпионатот се игра во две држави, а Македонија ќе игра во Дебрецен, Унагрија. Ако минеме во втората фаза, тогаш се сели во Будимпешта. 




Македонија ќе игра на отворањето на ЕП во Дебрецен, од 18:00 часот. Хаотичните домаќини со инструкции од ЕХФ се на прагот овој Ковид-шампионат да го направат фијаско за паметење со оглед на тоа дека во последните часови пред почетокот се зголемија бројките на ковид позитивни во екипите, а особено настрада Полска која има седум позитивни играчи.
Црна Гора е зад нив со недефиниран статус на неколку играчи кои чекаат негативен тест за да стигнат во Унгарија, а тие што се овде секојдневно влегуваат во карантин. 

Македонија шампионатот го почнува со дуел со Словенија, прв и најважен кога е битката за пласман во главна рунда во прашање затоа што со променетиот систем на играње, пола од репрезентациите ќе си одат дома по само три одиграни натпревари.

Денеска се играат следниве натпревари на ЕП: 

ГРУПА А
18:00   Македонија - Словенија
20:30   Данска - Црна Гора

ГРУПА Б
20:30  Унгарија - Холандија
20:30   Исланд - Португалија (14.01.2022)

ГРУПА Ц
18:00   Србија - Украина
20:30   Франција - Хрватска

ГРУПА Д
18:00   Германија - Белорусија (14.01.2022)
20:30   Австрија - Полска (14.01.2022)

ГРУПА Е
18:00   Шпанија - Чешка
20:30   БиХ - Шведска

ГРУПА Ф
18:00   Русија - Литванија
20:30   Норвешка - Словачка
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk