Карабатиќ: Шокирани сме, низ хотелот ни шетаат туристи



Уште непочнато Европското првенство е предмет на основани критики и покажува дека ЕХФ и организторите се дават во кашата што сами си ја спремија.



Олимпискиот шампион Франција е првиот тим што во јавност излезе со критики за организацијата на Европското првенство и хаосот што го (на)прави ЕХФ и организаторите со Ковид протоколите. 

Од една страна се поставуваат мерки и обврски што учесниците треба да ги почитуваат, а од друга страна тие што ги поставиле мерките ниту ги почитуваат, ниту можат да ги обезбедат условите што ги бараат. 

„Шокирани сме. Ние ги следевме сите протоколи, внимававме на секој детал за да не се заразивме со Ковид и на крајот кога стигнавме овде во хотелот, гледаме луѓе без маски, ручаме во истиот ресторан со нив, делиме хотел со туристи“, изјави Никола Карабатиќ, најпознатниот меѓу најпознатите ракометари. 

Француската репрезентација живееше во „балон“ последниве две недели поради протоколите наметнати од ЕХФ, но во Сегед приказната е поинаква.

„Кога влеговме во хотелот, видовме луѓе во костими за капење како се шетаат низ хотелот, немаа маски, а ние делиме хотел со нив. Протоколите во Унгарија за заштита од Ковид се благо кажни многу поразлични отколку во Франција“, изјави голманот на францускиот тим Винсен Жерар, а пренесуваат француските медиуми. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk