Митревски: Чувајте се, максимум знам дека ќе дадете!



Никола Митревски, еден од најактрактивните голмани во Европа, согласно сите избори што ЕХФ ги спроведува од коло во ЛШ, имаше пех да биде позитивен на последното тестирање пред пат за Дебрецен. 
Хендикепот за македонската репрезентација е сериозен, но поважно е здравјето, а за среќа Митревски кој по втор пат ја прележува пакосната болест минува лесно, асимптоматски. 



Никола Митревски не е дефитнивно отпишан од Европското првенство. ќе треба да покаже два негативни ПЦР тестови за да може да се приклучи на тимот. Ако Македонија се пласира во главната рунда тогаш Лазаров сигурно ќе добие засилување. Како и да е, пред дуелот со Црна Гора многу би требало се да се знае. Митревски продолжува со тренинзи, во соба, во Скопје.

„Супер с чувствувам, немам никакви симптоми. Бидејќи без позитивен пред три месеци, се надевам што поскоро дека ќе имам негативен тест. Денеска не патувам заедно со другите играчи, но не е исклучена можностa да им се приклучам деновиве. Во консултација со нашиот стручниот штаб, добив потреба опрема за тренинг во соба и ќе останам во тренажен процес. 
На моите соиграчи би им порачал да се чуваат од вирусот, да останат здрави. За максумумот на терен, знам дека ќе го дадат“, изјави за g-sport.mk Никола Митревски. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk