Нов договор за Лазаров

Германската екипа Интерактив (Ратинген) објави дека се договорила со македонскиот тренер за продолжување на соработката.



Филип Лазаров ќе продолжи да ја гради својата тренерска кариера во Германија. Некогашниот македонски репрезентативец ја продолжи соработката со екипата на Ратинген за следната сезона. Германскиот клуб објави дека македонскиот тренер останува и наредната година во улога на асистент тренер. Прв тренер на екипата е Аце Јоновски. 

„Благодарен сум на клубот што ми овозможи да се надоградувам како тренер и што ќе можам да придонесам со искуство и идеи во иднина. Зедно сигурно можеме да направиме успех“, изјави Лазаров. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk