Татабања сака четири играчи од Е. Пелистер

Информациите за желбите на унгарскиот тим Татабања добиваат тежина и сега прашање е кој прв ќе потврди, демантира... 



Унгарскиот тим Татабања следната сезона ќе има нов спонзор (МОЛ), нова сала, нов тренер, нови амбиции и нови играчи. Желбата им е четири од новите играчи да бидат од екипата на Еурофарм Пелистер. 
Нивните последни потези одат во прилог на ова што го велиме, затоа што од екипата заминуваат два играча од позиции што се поклопуваат со најавените ракометари од Битола.

Рековме четири играчи се во шпекулациите, засега нема потврдена информација, но постојано од разни страни стигнува истото, па сега е прашање на време кој прв ќе се „одважи“ за објави, демантира. 

Четирите ракометари за кои постојано слушаме се Мартон Секели за кого се вели дека е веќе готова работа, потоа Јосип Периќ, па Матео Мараш кој би требало да го замени Золт Балог кој пак направи/потврди трансфер и Немања Обрадовиќ кој извесно би требало да го смени Фотаке. 
Околу Периќ е најнејасно затоа што тој извесно има понуди и од подобри екипи и лиги, Е. Пелистер сигурно сака да го задржи, а и Татабања има три централни бека. 

Колку од ова ќе биде реализирано и дали ќе биде реализирано ќе дознаеме наскоро, во секој случај. Сезоната е долга, Татабања нема обезбедено излезе во Европа за следната сезона и тоа може да биде камен на кој некој би можел да се сопне. 
Освен тоа и битолчани го немаат кажано последниот збор. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk