Играчите денеска на ново тестирање



Македонската сениорска репрезентација вчера последното задолжително тестирање ги доби првите лоши вести за петмина Ковид позитивни играчи. Денеска, пред заминување ќе одат на ново тестирање.



Како ќе изгледа македонската репрезентација што денеска ќе ја пречекаме во Дебрецен? Има ли надеж дека некој од вчерашните позитивни играчи денеска ќе добие добра вест? Кои играчи ќе ги повика Кирил Лазаров како замена за позитивните? 
Ова се дел од прашањата на кои одговор ќе добиеме за неколку часа. Репрезентативците денеска одново се на тестирање и наскоро ќе ги има и финалните резултати, а и конечниот список на патници за ЕП 2022. 

Македонскиот тим денеска со чартер лет ќе пристигне на своето одредиште во Унгарија. Ковид направи хаос во неколку екипи, за жал и ние сме во таа група и тоа со многу поголем пех затоа што позитивните ќе ги пропуштат првите две кола, мошне веројатно и целата прелиминарна рунда на натпревари. 

Очекуваме наскоро вести од македонскиот табор, се надеваме дека денеска ќе бидат добри. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk