Ковид болката не ја измина Македонија во пресрет на Европското првенство на кое првиот меч го играме на 13 јануари.
Пет репрезентативци на Македонија се позитивни на Ковид 19 по денешното задолжително тестирање на ракометарите.
Ракометната федерација не ги објави имињата на позитивните ракометари и членови на експедицијата што утре треба да патува за Дебрецен.
Како и да е, голем удар за македонската репрезентација е ова и прашање е колку ќе ја наруши играта и концепцијата на селекторот Лазаров.
Ракометната федерација на Македонија објави официјална информација за овој настан.
Во рамки на подготовките за претстојното ЕП 2022 (Унгарија - Словачка) македонските репрезентативци утре наутро ќе го одработат последниот тренинг пред заминување во Дебрецин.
Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања на 4ти и 7ми и 10ти јануари.
Според резултатите од денешните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои утре требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19).
Македонската ракометна репрезентација утре во 14:10 часот попладне заминува за Дебрецин - Унгарија , а првиот меч од групната фаза нашите машки сениори ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18:00 часот против репрезентацијата на Словенија.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија