Поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев и крилото Немања Илиќ се новите двајца позитивни членови на репрезентацијата на Србија.
Милосављев и Илиќ ќе ја пропуштат првата средба со Украина, а дали ќе бидат во составот за вториот и третиот меч ќе покажат ковид тестовите што ќе се прават во Сегед.
Србија имаше вкупно осум позитивни играчи и четворица од стручниот штаб по што не можеше ни да тренира и се подготвува. Тони Херона и Владимир Цупара добија добри вести и се враќаат во тимот, но направената штета нема време да се надополни.
Денека се тестираше и првиот противник на Македонија - Словенија. Љубомир Врањеш објави дека сите играчи се негативни.