Данците лути, ќе летаат со редовна линија

Данска е репрезентацијата каде што се оди како подмачкано, имаат веројатно најсилн тим на првенството и се главни кандидати за злато. Нивната федерација е една од најекономичните, како и да е.



Данските ракометари се лути и незадоволни што до Унгарија нема да одат со чартер, туку со редовна авио линија, но како и секогаш со избрани зборови коментираат за одлуките на данската федерација (ДХФ). 

„Ние сме кандидати за злато и како таков тим голем е ризикот да делиме авион со најобични патници и да летаме во Амстердам и од таму за Унгарија. Во ова, Ковид време тоа е многу ризчно, иако Мортен Хенриксен (спортски директор на ДХФ) има направено поинакви резервации. Не ми е јасно кои се овде приоритетите“, изјави Клаус Јакобсен, дански ракометен експерт за ТВ2 телевизијата.

Чартер летот би ја чинел данската федерација нешто над 20.000 евра, но тие сметаат дека веќе имаат направено премногу трошоци од 1 јануари за подоготовки на репрезентацијата, па така одлуката е да одат со редовна линија. Договорена им е опцијата да го минат чекирањето одвоено и директно да влезат во авионот без да се мешаат со другите патници.
Но, во авионот и до Амстердам и до Будимпешта, нема да бидат сами. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk