Лазаревски во Тримо, Либанец во Металург

Милан Лазаревски, долгогодишниот пивот на Металург се пресели во Словенија, во „Автокоманда“ ќе го замени либански ракометар.



Милан Лазаревски, пикерот што израсна низ школите на Металург, потпиша договор со словенечката екипа Тримо Требње, каде што веќе игра македонскиот интернационалец Тоше Ончев. 
Лазаревски (24) пред крајот на полусезоната беше на проба во словенечкиот клуб, а од вторникот одново е во „дежела“, но овој пат со договор во рака. 

Металург на неговото место веќе ангажираше замена. Либанскиот интернационалец Али Кобеиси кој веќе има стаж од играње во Македонија, во екипите на Радовиш и полусезонава во Скопје 2020. 
Новата година, Либанецот ќе ја продолжи во „Автокоманда“, во редовите на Металург. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk