Георгиевски: Знаеме како е на ЕП, имаме шанса за добар резултат

Македонскиот тим ситно одбројува до заминувањето на своето седмо Европско првенство, шесто по ред ЕП или 11 по ред големо натпреварување. 
Репрезентацијата за три дена полетува од Скопје за Унгарија, каде што во вториот по големина град, Дебрецен, ќе игра во прелиминарниот дел на шампионатот. 



Гоце Георгиевски е еден од играчите кој постојано е дел од македонскиот тим и носи големо искуство во составот кој полека ја привршува фаза на транзиција. 

„Нормално е пред секое големо натпреварување да има возбуда, поголем број од нас репрезентативците имаме искуство со настапите на Европските првенства, знаеме што носи и што бара едно вакво големо натпреварување. Јас сум оптимист, можам да кажам дека доста добро се работи на тренинзите. Сите играчи сосема добро ги одбработуваат задачите што им се дадени. Имаме добра атмосфера и ако успееме тоа од тренинзите да го пренесеме на натпреварите ќе бидеме можеме да се надеваме на добар резултат“.

„Имаме доста познати противници, многу пати сме ги одмерувале силите дали на квалификациски или натпревари од големите турнири. На Европското првенство нема слаби противници тоа добро го знаеме“.

„Првиот натпревар против Словенија е дуел каде што тие се фаворити и притисокот ќе биде на нивна страна, треба да влеземе во натпреварот ослободени  од резултатот, а од друга страна да имаме максимален фокус, да ги исполниме задачите кои ќе ни бидат дадени и се надевам на позитивен резултат.
Црна Гора е екипа што навистина има квалитетни играчи. Се работи за доста борбена репрезентација и секогаш можам да кажам дека играат и повеќе од своите можности, даваат се’ од себе. Добро се познаваме и ќе биде интересен натпревар од причина што и тие и ние знаеме дека најголемата шанса за бодови е овој натпревар.
За Данска не треба да се трошат зборови сите знаеме за каква репрезентација се работи. Можеме да зборуваме за нив само во суперлативи. Против една ваква репрезентација треба да одиграш во текот на целиот натпревар, да кажам, безгрешно за да се надеваш на добар резултат. Ние тоа го демонстриравме во Скопје во квалификациите и покажавме дека не се непобедливи. Јасно е дека ти е се фаворити не само во оваа група туку и на првенството“.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk