БЛИЦ ВЕСТИ: Колбахер е аут, Порт е позитивен, Раул Алонсо повторно тренер

Германија дефинитивно остана без пикерот Јаник Колбахер од РНЛ. Првата опција на линијата по Патрик Винцек не го издржа последниот тренинг и отпаѓа од списокот на патници за Братислава. Претходно, пауза од репрезентативните настапи си зема Хенрик Пекелер. 



Селекторот на Франција, Гијом Жил го смести леворакиот бек/крило Валентин Порт на списокот на патници за Сегед, иако тој е Ковид позитивен по последното тестирање. 
Порт би требало да се рехбилитира до 13 јануари и останува како дел од првиот состав на Франција, иако мошне веројатно нема да биде на првиот меч.

Доскорешниот тренер на Мешков Брест, Шпанецот Раул Алонсо по заминувањето од Белорусија стана директор на германскиот тим Ерланген. Кратко траеше тој ангажман, клубот го раскина договорот со тренерот Михаел Хас и на неговото место е назначен - Раул Алонсо. 

Литванскиот бек Јонас Тручановичуис место на ЕП се „пофали“ дека успешно го оперирал коленото и очекува наскоро да се врати на терен, во дресот на украинскиот тим Мотор Запорожје. 

Никола Карабатиќ го заврши периодот на изолација од Ковид 19 и се врати назад на тренинзите на репрезентацијата на Франција. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk