Македонија во строги услови до патот за Дебрецен

Сите македонски ракометари и членови на стручниот штаб беа Ковид негативни на последниот тест, а ќе се направи се така и да остане до крај.



Македонската сениорска репрезентација од денеска е одново на тренинг. Нашиот стручен тим будно следи се што се случува во сосоедството и низ Европа, а информациите што доаѓаат од повеќе страни се благо-вознемирувачки. 
Повеќе случаи на Ковид насекаде низ Европа ги кројат составите и внесуваат паника во репрезентациите. сега ќе биде уште пострашно, затоа што тие што ќе бидат позитивни на следниот тест, а тој е за два дена, нема да играат на првите два меча на Европското првенство. 

Сите македонски ракометари и членови на стручниот штаб беа Ковид негативни на последниот тест, а ќе се направи се така и да остане до крај. Македонија нема да оди во балон како Португалија на пример, но нема да биде далеку според строгоста на мерките што се преземаат. 

Откако беше одлучено да не се игра вториот меч со Израел, беше донесена и одлука тренинзите да бидат од целосно затворен тип. Нема да има присуство ниту на медиуми, иако ќе имате можност да чуете и прочитате изјави од македонските репрезентативци пред патот за Дебрецен, закажан за 11 јануари. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk