Секои три месеци нов клуб за вардарката Цвијиќ

Уште нема одиграно еден официјален натпревар за својот нов клуб ЦСКА, а веќе договори трансфер. 



Поранешната вардарова ракометарка, пикерот драгана Цвијиќ, тешко се скрасува на едно место. Корпулентниот српски пивот, сезонава потпиша за екипата на Крим од Љубљана, но тамо остана само до полусезоната, по што се пресели во рускиот тим ЦСКА. 
Уште нема одиграно еден официјален европски натпревар за рускиот тим, Цвијиќ веќе договори трансфер. На лето се сели во Унгарија во екипата на ФТЦ Ференцварош.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk