И Словенија откажа меч

Србија ги откажа дуелите со Германија, Црна Гора и Португалија се откажаа од „Јелоу Куп“, по што и турнирот беше откажан, Франција им откажа гостпопримство на Данска, Норвешка и Египет, Македонија не ја одигра втората средба со Израел, а денеска и мечот Италија - Словенија беше откажан. 



Словенија имаше во план да одигра два лесни натпревари со Италија пред да замине за Ддебрецен каде што на 13 во првото коло ќе игра против Македонија. 
Но, се сменија плановите. Вечерва требаше да се игра првиот дуел, но тој е откажан. Во редовите на италијанскиот тим имало Ковид позитивни и овој двомеч веќе не е на програмата. 

Бројни натпревари не се одигра. Србија ги откажа дуелите со Германија, Црна Гора и Португалија се откажаа од дуели со Швајцарија и Украина на „Јелоу Куп“, по што и турнирот беше откажан, Франција, пак, им откажа гостпопримство на Данска, Норвешка и Египет.
Германија се договори со Франција и Швајцарија да одигра по еден меч. Данска и Норвешка ќе играат меѓусебе две средби. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk