Марковски: Тоа е, не бидна работата

Металург пролетниот дел ќе го почне со нов тренер. Иван Марковски си замина од клубот. 



Се разделија Иван Марковски и Металург. Епилог, очекуван, денеска спроведен и во дело. Тренерот побара раскин на договорот поради неисполнети финансиски услови од договорот. 

„Тоа е, се трудевме низ овие месеци да се избориме со состојбата, но не бидна работата. Долгот на клубот кон мене растеше од месец во месец и веќе стигна до една, за мене сериозна бројка преку која не би сакал да преоѓаме, а и егизистенцијата на моето семјство веќе беше доведена во прашање. Од друга страна во последните 20 дена ја снема и комуникацијата со претседателот на клубот и кога се ќе се собере, веќе немаше смисол да се продолжуваме. На Металург му посакувам се најдобро, што побрзо, што се вели уште утре да излезе од кризата“, вели Марковски. 

Металург ја имаше најлошата полусезона во последните 20 години, но со Марковски на клупата освои неколку бодови што беа изненадување. Но, рековме, епилогот е очекуван, а полусезоната е добар период за расчистување на сметките. 

Миле Бочкаровски, тренерот на Металург РА ќе ја води екипата, неофицијално, до следниот потег на управата. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk