Се повеќе примери среќаваме дека ЕХФ не е спремен да организира ЕП Шампионат во време на пандемија. Барем не без да има хаотични ситуации.
Благодарение на ЕХФ кој не реагира веднаш на настанатите ситуации, се креираат хаотични моменти на само неколку дена до стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Нити има редовен обнова на информации околу можноста во Словачка да се игра со публика, нити го објавија новиот најавен протокол за медиуми, а вчера креираа дополнителен хаос низ цела Европа со правилото „14 дена“, за кое дознавме благодарение на Шведска.
Но... додека скандинавците веќе прифатија дека позитивниот играч 14 дена нема да смее на терен, па така и реагираат во исчекување дали нешто ќе се смени или не. Селекторот на Данска, Николај Јакобсен веќе го контактирал голманот на Нант, Емил Нилсен како замена за позитивниот Јаник Грин.
Нилсен нема веднаш да им се приклучи, засега Никлас Ландин и Кевин Мелер се доволни, но резерваа е обезбедена.
Но, во Хрватска приказната е поинаква. Таму сметаат дека правилото „14 дена“ не важи и дека ќе може да се игра со два негативни ПЦР тестови. Веројатно затоа и нивниот селектор Хрвоје Хорват се уште не го донел Игор Карачиќ на тренинг, затоа што смета дека Дувањак и Циндриќ кои вчера беа позитивни, ќе можат да настапат.
Нови тестови ќе има на 7 јануари и на 10 јануари. А тоа е нов хаос во најава. ЕХФ и натаму се однесува како бабата со чешелот, нема прецизна јавна инфомација што ќе им објасни на сите што и како се планира. А тоа е вовед во шпекулации