Откажан мечот со Израел, тројца позитивни кај гостите

Вториот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и на Израел е откажан. 



Вчерашниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Израел, по се изгледа ќе биде и последната проверка на тимот на Кирил Лазаров за Европското првенство. 
Денешниот меч со Израел што требаше да биде финална проверка на силите за ЕП и потоа финализирање на составот е откажан. 
Тројца ракометари на противничкиот тим се позитивни на Ковид по тестирањето што беше задолжително за сите репрезентации, по налог на ЕХФ. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk