Симиќ: Со Македонија сме 50-50

Се ближи ЕП, почнуваат и математиките за тоа кој колку може, кој со што би бил задоволен и така натаму. 
Нашиот втор противник на ЕП, селекцијата на Црна Гора си има свои адути на шампионатот. Впрочем, ако го погледнете нивниот тим и индивидуалното остварување на нивните ракометари во шампионатите каде што играат, тие на хартија и се фаворити во однос на Македонија. Но, тие одамна се инивидуалци, а не целина. На ЕП доаѓаат, со никогаш поголем оптимизам...



Нивна силна страна е чуварот на мрежата, Небојша Симиќ. Тој со години брани во Бундес лигата и игра главна улога во нивните победи. 

„Добро ја познаваме Македонија. Одигравме неколку контролни натпревари со нив, на последната и победивме со гол разлика. Мислам дека шансите на тој натпревар се 50-50. Тие имаат подолг континуитет на настапи на големит натпреварување и ракометот им е спорт број еден во државата, но мислам дека имаме реални шанси за добар резултат“, изјави голманот на Мелзунген, Небојша Симиќ. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk