Голманот на Данска е Ковид позитивен

Беше очекувано по толкав број на Ковид позитивни во домашниот шампионат и во репрезентацијата на Данска да се појават позитивни случаи. 



Јаник Грин, голманот на Магдебург кој е селектиран за настап за репрезентацијата на Данска на претстојното ЕП е позитивен на Ковид, на помалку од 10 дена до стартот на шампионатот.

Од таборот на Данска не коментираат дали е доведен во прашање неговиот настап, ниту пак, дали имал контакти со другите репрезентативци и според тоа дали е можен кластер во нивниот репрезентативен тим. 

Данска е противник на Македонија во групната фаза на ЕП, со нив ќе играме во третото коло, на 17  јануари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk