Како се наближува ЕП и веќе почнуваат да се појавуваат списоците од „20“, така и се зголемува бројот на познати имиња што нема да играат на првенството.
Не е дека е неочекувано или ненајавено, но сега е барем официјално. Бекот на Веспрем, Петар Ненадиќ кој во моментов е најдобар и најпознат ракометар на Србија - нема да игра на ЕП 2022.
Овој пат не е причина несогласување со селектор или федерација, туку причината е во рамките на нормалните - повреда. Петар Ненадиќ се повреди во декември и уште од тој момент настапот на ЕП беше под прашалник.