Татабања таргетира играчи на Е. Пелистер

Унгарската Татабања, екипа која две години по ред игра со македонскиот Еурофарм Пелистер и не минува резултатски добро, за следната сезона има поинаков план. 



Унгарската Татабања во новата сезона ќе ја води нов тренер, Томбор Чаба е неговото име, а тој уште од сега си подготвува тим со кој ќе работи. 
Повеќе денови од различни страни до нас допираат неофицијални информации дека оваа екипа на списокот (желби) за следната сезона има неколку ракометари на македонскиот вице-првак Еурофарм Пелистер. Се зборува за четворица ракометари што од битолскиот клуб на лето треба да се преселат во овој клуб. 

Официјални информации засега на оваа тема - нема, па затоа и за имињата на играчите, што нас ни се познати, ќе почекаме додека нешто има поконкретно па ќе ги објавиме. Три бека и голман се во прашање, а засега статусот е меѓу преговори и готова работа, барем што се однесува до потписи. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk