ЕП е се подалечно за еден македонски играч

Репрезентацијата на Македонија денеска ќе тренира во Скопје, а утре и задутре ќе одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Израел.
Средбите ќе се играат без присуство на публика. Тимовите од Израел се познат по своите принципи и целата ситуација со Ковид и близината на ЕП и квалификациите во кои игра Израел доведоа до ваков момент.



Ситуацијата во македонската репрезентација во однос по повреди не е сјајна. Големи се шансите на Европското првенство да не настапи пикерот на Еурофарм Пелистер, Никола Маркоски. Тој има повреда на стапалото и проблем со половината и досега нема одработено тренинг. 
Селекторот вели дека ќе чека до последен момент. Но, последниот момент веќе не е далеку, два-три дена се во прашање до соопштувањето на списокот од 20 играчи, а ситуацијата не се променила.
Стискаме палци за Маркоски, без оглед што односот на шансите не се во негова полза.

Уште еден играч на Еурофарм Пелистер има проблеми. Десниот бек Мартин Велковски дури денеска ќе го одработи првиот тренинг. Тој ќе има неколку дена на располагање да го „убеди“ селекторот дека е спремен и во форма за настап на Европското првенство. 

Според Ковид пропозициите, репрезентациите имаат право да пријават 20 ракометари за настап во првата фаза. Од нив 16 ќе се селектираат непосредно пред првиот натпревар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk