Франција и Португалија се во тесна трка за најмалерозен тим во пресрет на ЕП 2022. Франција, сепак, е во поголеми проблеми отколку португалскиот тим.
Семејни трагедии, повреди, Ковид, улични напади, откажани натпревари и подготовки... нема што не ја погоди репрезентацијата на Франција во пресрет на Европското првенство што за десетина дена почнува во Унгарија и Словачка.
Најновото име на листата покрај избодениот Елохим Пранди е Лука Карабатиќ. Репрезентативниот пивот има повреда на мускул што ја заработи на почетокот на декември. Не е рехабилитиран, чувствува болка и многу мали се шансите да се појави на ЕП изјавија од таборот на францускиот тим.
Николас Турна и Лудовик Фабрегас ќе добијат поголема минутажа во отсуство на Карабатиќ, но отсуство на Карабатиќ - си е отсуство на Карабатиќ и не може лесно да биде заменето, особено во одбраната.