Елохим Пранди, Ракометарот на Пари Сен Жермен и на француската репрезентацијата е избоден за нож за време на новогодишната ноќ.
Настанот се случил за време на новогодишната ноќ, во област што е во близина на Триумфалната капија и најпознатата улица во Европа - Елисејските полиња.
Француските медиуми според информации од париската жандармерија пренесуваат дека Елохим Пранди бил нападнат, како не и како почнал инцидентот. Му биле зададени неколку убоди од нож во пределот на градите, белите дробови и слезенката.
Тој бил хоспитализиран, а по кратко време веќе не бил во животна опасност.
Настапот на ЕП на големата надеж на францускиот ракомет и син од ракометно семејство во кое мајка му своевремено била и капитен на Франција веќе не е прашање. Пранди и покрај тоа што физички е силен, сигурно подолго време ќе го нема на терените. Но, барем животот не му е доведен во прашање.