Толку беше од Кудуз во Вардар

Хрватскиот бек Анте Кудуз и македонскиот првак Вардар 1961 издржаа заедно само една полусезона. Хрватот се врати од каде што дојде во Скопје, во Динамо Букурешт. 



Анте Кудуз и Вардар го раскинаа договорот, а хрватскиот бек се враќа во Букурешт, во Динамо, каде што играше две и пол сезони пред да дојде во Вардар. 
Кудуз дојде во Скопје по турбулентно раскинување со Динамо, имавме можност да прочитаме дека не му било плаќано, дека буквално бил избркан на улица...Но, не било толку лошо штом веднаш се реши за назад. Динамо денеска објави дека од 1 јануари Анте Кудуз повторно е нивни играч.



Дојде во Скопје како најголемо засилување, а тоа оди рака под рака и со најскапо засилување. Не се оправда, не се вклопи. За тоа немаме ни голема замерка, на неколку натпревари одигра коректно, на Кил му даде девет гола од исто толку обиди. Не е лош играч Кудуз, но не ќе да беше за во Вардар. Иако, ретко кој успеа да се вклопи во тоа што го играше македонкиот клуб. Но, кога си најголемото, а со тоа и најскапото засилување, тогаш потезите се гледаат низ посебна лупа. 

Кудуз како и пред него Едуардо Гурбиндо, а и пред него Кристијан Дизингер, спасот ќе го бараат под диригентската палка на Чави Пасквал. Таму на позицијата лев бесе Шпанецот Раул Нантес се изнаигра сезонава, Дизингер не толку. Сега со Кудуз во тимот, веројатно уште помалку ќе го гледаме Диско на романската арена. 

Во Вардар се ослободи буџет за нов играч, не веруваме ниту дека Анте Кудуз е единствениот што заминува. Попрво би рекле тој е првиот што се снајде и си замина. Сега останува да видиме како Дејвис ќе ги склопува коцките. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk