Дури 10 Португалци неизвесни за ЕП!

Португалија е репрезентацијата што се соочува со најмногу проблеми во пресрет на стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Дури 10 нивни репрезнтатици се отпишани или неизвесни за настап на ЕП.



Уште не беше ни добро процесирана веста дека Андре Гомеш, Диого Силва, Педро Портела и Луиш Фраде поради повреди нема да играат за Португалија на ЕП, на списокот се додадени уште шест нови играчи!

Пикерот Алексис Борхес како премор ја наведе причината за откажувње, Жоао Фераз има тромбоза, а Белоне Мореира нема да игра од приватни причини. 
Тројца ракометари се позитивни на Ковид 19, тоа се Александре Кавалканти, Густаво Мартинс и Густаво Капдевил. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk