Ракометарот кој најголемиот дел од кариерата и најславните моменти од кариерата ги мина во Македонија и Вардар, Игор Карачиќ, нема да биде дел од репрезентацијата на Хрватска на ЕП.
Игор Карачиќ., бекот кој цела 2019 ги креваше победничките пехари на Вардар, вклучително со тој од Лигата на шампионите, нема да игра на ЕП.
Премор или премногу натпревари, премалку време за одмор и рехабилитација се причините поради кој сегашниот плејмејкер на Келце од Полска останува само на списокот на резерви.
Карачиќ би настапил за Хрватска, но само ако веќе немаат никаков друг избор.