Обрван остана без „битолчанецот“ Вегар

Поранешниот ракометар на битолски Еурофарм Пелистер, Марин Вегар, ги напушти подготовките на репрезентацијата на БиХ.



Левиот бек Марин Вегар, поранешен ракометар на Еурофарм Пелистер, поради повреда ги напушти подготовките на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Ивица Обрван кој е селектор на репрезентацијата на БиХ, на неговото место повика нов ракометар, Драган Шољиќ, играч на шпанската екипа Адемар. 

Марин Вегар настапуваше за битолскиот состав од 2019 до 2021 година, а потоа се пресели во екипата на Констанца од Романија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk