Марко Митев: Ми се остварува сонот

Репрезентацијата на Македонија се подготвува на Маврово за настапот на ЕП 2022. Утре, избраниците на Кирил Лазаров ќе го одиграат првиот од четирите предвидени контролни натпревари. Противник ни е Кувајт, мечот е закажан од 18:00 часот. 



Дел од репрезентацијата е кадетот Марко Митев. Талентираниот плејмејкер настапува за екипата на Бутел Скопје каде што премина од редовите на РК Аеродром. Сега, заедно со неколку негови колеги од кадетската репрезентација добива шанса да игра и за сениорскиот тим. 

„Огромна чест и гордост е да се биде дел од најдоброто од ракометна Македонија. Сметам дека тоа го посакува и кон тоа се стреми секој кој решил да му се посвети на ракометот. Да се биде дел од националниот тим и да се бранат боите на Македонија е исклучителна гордост и сон на секој спортист. Тоа што сум сега овде на 18 години ме прави да бидам не само горд Македонец туку  претставува и мотив плус за уште повеќе да работам на себе, да учам од поискусните и секако да дадам се од себе да одговорам на задачите најдобро што можам.
На овие подготовки ја имам токму таа можност. Ние овде сме како едно семејство. Напорно работиме и сите имаме иста цел- успех на нашата ракометна репрезентација. Условите за работа во Маврово се фантастични за што е заслужна нашата федерација.
Ако се најдам на финалниот список на патници за ЕП за мене тоа ќе биде почеток на остварување на мојот животен сон- да го облечам националниот дрес и да ги бранам боите на Македонија на едно вакво првенство. Знам дека тоа воедно е и огромна одговорност, бидејќи да играш за Македонија значи да бидеш подготвен да ги претставиш својата земја и својот народ во најдобро светло, да се бориш за победа на тимот и да оставиш срце на терен.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk