Се снима навивачка химна за ЕП 2022

Навивачите на македонската ракометна репрезентација денеска почнуваат со снимање на спот и навивачка химна за претстојното Европско првенство што во јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Македонската навивачка дружина ќе ја пее песната „Европски сон чии автори се Филип Неделковски (музика), Огнен Неделковски (текст) и Ангел Ќосев (студио Подрумот) аранжман и продукција. Ќе се снима и спот за кој ќе се погрижи Дарио Јанковиќ.



Текстот на навивачката песна е следниов:

РЕФРЕН: Сите тука сме И навиваме како едно, Македонијо, постигни гол ! До последен здив ќе се бориме, Ќе те бодриме, наша земјо !

1. Во напад, во напад одиме, Од сегде сме тука, навивачи како тим, И треба брзо да водиме На терен штом трча срце !

РЕФРЕН: Сите тука сме И навиваме како едно, Македонијо, постигни гол ! До последен здив ќе се бориме, Ќе те бодриме, наша земјо !

2. Сто желби, а една тактика, Со Кире да биде ова Европско од сон, И нова победа сакаме, Па цела ноќ да се слави !

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk