Трансфери: Терзиќ, Гонзало , Гулден




Дефанзивниот специјалист од БиХ, Мирсад Терзиќ (38) го продолжи договорот со полската екипа Висла Плоцк. Терзиќ во 2020 дојде во Висла од редовите на Веспрем, а и покрај вораста зрела за пензија, реши да не се откажува.

Најдобриот стрелец во шпанскиот шампионат, крилото на Адемар, Гонзало Перез ќе го раскине договорот со шпанскиот клуб и следната сезона ќе настапува за екипата на Мешков Брест. Шпанското крило доаѓа како замена за Никила Вајлупов кој, пак, се сели во редовите на Веспрем. 

Откако го обезбеди потписот на шпанското крило Кармен Мартин, шведскиот тим Савехоф од Гетеборг е на прагот да направи уште еден мега трансфер. 
Најпознатата шведска ракометарка во моментов, Изабел Гулден е желба на шведскиот тим, а локалните медиуми веруваат дека шансите ракометарката на Кристијансанд да се врати дома се големи. 

Шамбери објави дека се разделува со двајца свои играчи. Данскиот пивот Ларс Нилсен заминува, а трансфер од Шамбер во Прованс ќе направи литванскиот бек Гердас Бабарскас. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk