Трансфери: Германија му верува на Гисласон, Берлин на Андерсон...





Германија потпиша нов договор со селекторот Алфред Гисласон. Според новата обврска, Исланѓанецот останува на кормилото на германскиот тим до јуни 2024 година. Неговиот договор беше до крајот на претстојното ЕП, но сега и СП Шведска/Полска и ОИ Париз се во агендата на заедничката соработка.

Фуксе Берлин потпиша нов договор со данскиот бек Ласе Андерсон. Тој во Берлин деојде во Ковид сезоната од редовите на Барса, а во германската престолнина фомираше убав тандем со младиот сонародник Јаkоб Холм. Наскоро таму ќе дојде и Матијас Гидсел и Берлин ќе има силна бековска линија од Данска. 

Вид Потеко (30), словенечкиот пивот со кој ќе си имаме „работа“ на ЕП 2022 заминува од екипата на Целје и се сели во Бундес лигата. Потеко кој веќе има двегодишно меѓународно искуство (Мешков Брест) ќе игра за екипата на Гепинген.

Словенечкиот голман Примож Прошт заминува од Германија на крајот на сезоната. Неговата нова средина е помалку изненадување - шведскиот тим Истад. 

Шведска, држава во која даноците се толку високи што ракометар(к)ите главно ја заобиколуваат, изненади со уште еден трансфер. Ол стар крилото на последниот женски мундијал, Кармен Мартин потпиша за екипата на Савехоф.

Тони Херона, селекторот на Србија и тренер на францускиот Шарт, си доведе во својата француска екипа српско засилување. Веднаш по новогодишните празници од финскиот Кокс во Шарт се сели малку познато име - Ѓорѓе Ѓекиќ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk