Томовски: Египет беше лоша епизода, да докажеме дека вредиме повеќе

Maртин Томовски, голманот на македонската репрезентација ќе биде додадена вредност во тимот. Со веќе соидно искуство зад себе и простор за напредување пред себе, од ЕП може да добие многу. 



„Дефинитивно, сакаме да извлечеме поука од она лошо СП во Египет и да покажеме дека вредиме повеќе. По тој настан направивме добра анализа и со нова енергија и нов тренер доаѓаме на ова ЕП, за кое верувам дека ќе биде позитивно.
Сите сме здравствено добри, сакам така да остане и до стартот на шампионатот. Ќе бидеме посветени, ќе работиме максимално. Ова ќе биде таков тип на подготовки на кои ќе бидеме изолирани и знам дека максимално ќе се посветиме да бидеме подготвени за Европското првенство. Секако дека имаме тешки ривали, но тука нема лесни тимови. Има две места за следната фаза, кога говориме за противниците, добро ни се познати. Данска би ја издвоил како најквалитетна, Словенија исто така е сериозен кандидат за понатаму, тука е и Црна Гора која е фактор-изненадување. Верувам дека со добра подготовка, ќе дојдеме до најдоброто, изјави Томовски.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk