Палицка си оди Гензајмер останува во РНЛ

РНЛ официјализираше два договори, еден раскинат, еден продолжен. 



Шведскиот голман Андреас Палицка заминува од РНЛ, но не на крајот на сезоната каков што беше договорот, туку веднаш. 
РНЛ се согласил да му го раскина договорот на Палицка шест месеци порано и тој веројатно до крајот на сезоната ќе настапува за Редбергслид од Гетеборг, некогаш славен тим, сега во најжестока битка за опстанок. 
Од јуни 2022, Палицка, заедно со Јаник Грин од Магдебург ќе бранат за Пари Сен Жермен.

Добрата вест од РНЛ е што е официјалнизрано продолжувањето на договорот со Уве Гензајмер, нивниот најпознат играч и најголема ѕвезда. Гензајмер кој не покаже нешо особено во дресот на РНЛ по враќањето од Париз, ќе игра за РНЛ најмалку до јуни 2024. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk