Ѓер ги купува новите ѕвезди на Данска?

Светското првенство само што заврши, а сезоната на лов на играчите што покажаа најмногу е отворена.



Алтеа Рајнхарт е откритие на мундијалот и еден од Топ 3 голмани на првенството, во исклучително силната конуренција што стоеше меѓу стативите на СП. 
Таа игра за Одензе во Данска, а од нејзиниот клуб на СП блесна уште една ѕвезда - плејмејкерот Ми Хојлунд. 

Веднаш по завршувањето на малото финале, Хојлунд навести дека двете во пакет би можеле да се преселат во „некој“ клуб надвор од Данска. Нивните новинари се занимаваа со тоа прашање и дојдоа до заклучок дека клубот во кој двата нови дански ѕвезди би требало/можело да се преселат е унгарскиот Ѓер. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk