Само ако те види Роналдо!

Сандра Тофт, еден од топ голманите на Светското првенство во Шпанија, прославата на бронзениот медал ја почна малку порано. 



Веројатно се уште не сте го заборавиле потегот на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо кој ги тргна од пред себе шишињата со Кола Кола и ги замени со вода пред почеток на прес конференција. Со денови новинарската фела од ништо правеше нешто уживајќи во кликовите, лајковите и коментарите за потегот на Португалецот.

Сандра Тофт, голманот на Данска и еден од Топ голманите на штотуку завршениот мундијал во Шпанија, веројатно би го кренала пристисокот на Португалецот на +200, доколку е во сферата каде што тој кажува како треба. 

Еден од најдобрите голмани на светот, во микс зоната по дуелот со Шпанија и освоениот бронзен медал, се појави во опуштено кафанско издание со лименка пиво во раката и опуштено даваше изјави за медиумите. Со надеж дека пивото ќе биде заменето со добро вино... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk