Мустафа: СП ќе остане со 32 екипи

Светската ракометна федерација, односно нејзиниот претседател Хасан Мустафа, изјави дека системот по кој се игра СП нема да се менува



„Нема да се повлечеме и ќе продолжиме со 32 екипи. Не сакаме да ја затвориме вратата на многу репрезентации. Многу сме горди што го поддржуваме ракометот на сите континенти. Сега можеме да го видиме низ целиот свет и затоа и решивме да го зголемиме бројот на учесници“, изјави Мустафа на прес конфренцијата по финалето.

Разликите во квалитет се огромни, на мундијал играат и репрезентации што се многу под нивото, но за ИХФ тое не е проблем. 
„кога јас бев претседтел на Египетската ракометна федерација, нашиот машки тим беше четврти во Африка. Сега игра полуфинале на Светско првенство. Големите нации во ракомет имаат обврска да им помогнат на помалите да се развиваат. Погледнете го Бразил, тие речиси и немаа ракомет, но во 2013 станаа Светски шампиони, а сега завршија на шестото место“, изјави Мустафа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk