ТРАНСФЕРИ: Потпишуваа ПИК Сегед, Лимож...

Пик Сегед продолжи договори со двајца свои ракометари. Голманот Роланд Миклер останува до 2024 година, а бекот Рихард Бодо потпиша нов договор со важност до 2025 година. 



Голманот на француската репрезентација Јан Женти од ПСЖ следната сезона ќе брани за екипата на Лимож. Изненадува овој тим со амбициите, откако лани го доведе Доленец од Барса, сега на Нант им го украде тренерот Алберто Ентрериос, а Женти сигурно ќе биде додадена вредност. 

Поранешниот пикер на Е. Пелистер, Томислав Кушан му најави на својот сегашен клуб, Вецлар, дека во јуни заминува во тимот. Во Вецлар не очекуваа ваков расплет, но очигледно Кушан има друга подобра понуда за која веруваме дека наскоро ќе чуеме. 

Хрватскиот стратег Славко Голужа веќе не е тренер на екипата на Татран Прешов. По 4.5 години минати на клупата на словачкиот клуб од кои во барем две постојано се слушаше низ кулоари за негово заминување, дојде редот и навистина да се разделат.
Познато име на словачкиот ракомет и доскорешен играч на Татран,  Радослав Антл ќе биде негов наследник, во тим со тренерот на младинците Марек Генат.

Според пишувањата на романските медиуми, ЧСМ Букурешт е блиску до потпис на нов двегодишен договор со својата најдобра ракометарка Кристина Неагу.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk