По проблемите со составот што ги имаше за СП Египет, германскиот селектор има проблеми и за ЕП Унгарија и Словачка.
Се ближи ЕП 2022, а со тоа и сите добри и лоши страни што ги носи шампионатот. Составувањето на екипата е една од проблематичните работи на која не е имуна ниту една репрезентација, вклучително и Германија.
Бекот на Фуксе Берлин, Фабијан Виде од семејни причини му ја откажа „љубовта“ на селекторот Алфред Гисласон. Од семејни причини (чека принова) откажа и крилото Патрик Грецки, долгогодишен репрезентативец.
Бекот на РНЛ Јури Кнор не сакаше да се вакцинира и нема да биде во тимот, а поради повреда отсуствува и уште еден играч од надворешната линија - Паул Друкс.