Норвешка од минус шест до светско злато

НОРВЕШКА - ФРАНЦИЈА  29-22 (12-16)

Норвешка е нов светски шампион. Неверојатен меч одиграа Норвежанките во финалето во кое во еден момент губеа со шест гола разлика, а на крајот победија седум разлика.



Неверојатен меч одигра Норвешка во големото финале на мундијалот во кое за противник ја имаа репрезентацијата на Франција, олимпискиот првак. 

Французинките доминираа во првиот дел, се им одеше од рака за разлика од Норвежанките кои никако не можеа да се поврзат. 
Франција имаше 16-10 имаше и напад и ракометарка повеќе. Но, погрешија во напад, а за да спречат контра направија исклучување и седмерец и со тој потег некако ја свртеа средбата против себе.
Норвешка намали на 12-16 на полувреме, а потоа во вториот дел со серија од 4-0 стигна до израмнување.

Сије Солберг, голманот на Норвешка блескаше во вториот дел и буквално им ја исцеди целата самодоверба на Французинките. Офтедал, Братсет, Морк и Рајстад ја изведоа својата магија и норвешката машина беше вклучена на најсилно. 
Единствената светла точка во францускиот тим во второто полувреме, голманот Клеопатра Дарло веројатно спаси и двоцифрен пораз на својот тим. 

Конечно 29-22, Норвешка по четврти пат е светски шампион и се израмни со Русија по бројот на освоени златни медали. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk